
На 29.07.2026 во 19:10 часот на улица „Вардарска”, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Х.Б.(61) од Велес.
При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат алтеа” со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.Б. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,20 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

