Skip to main content
Хроника

Маж со огнено оружје пукал кон основнo училиште во Виница

30/07/2026  13:57

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.З.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 12.01.2026, пријавениот со огнено оружје испукал неколку проектили кон основно училиште во Виница, при што оштетил дел од инвентарот.

Подоцна, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пушка, пригушувач, рамки за муниција, 192 парчиња дијаболи и други предмети.