
На 29.07.2026 во 00:30 часот на ул.„Партизанска” во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(36) од Струга. Претходно, тој со патничко возило „опел вектра” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода.
По преземени мерки, полициските службеници кај него констатирале 2,50 промили алкохол во крвта по што веднаш е исклучен од сообраќај.
Возилото било одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
