
Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца.
Според првичните информации од увидот, пожарoт избувнал во кујната каде жената готвелa и со голема брзина се проширил, што условило неможност да излезат од куќата.
“Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и пол, односно три години. Истрагата треба да ги разјасни причините за трагедијата, стои во полициското соопштение.
На местото пронајдена е експлодирала плинска боца и канистер во кој имало бензин.
Поради непристапниот терен, интервенцијата на противпожарната служба била многу тешка. Куќата се наоѓала во планински предел, на околу 30 минути пешачење од автопатот, а кога противпожарната служба пристигнала на местото на настанот, објектот бил речиси целосно уништен.
Дел од медиумите пренесуваат дека жртвите деновите пристигнале од Германија, каде што живееле, и се сместиле во нивниот поранешен дом. Сопругот во моментот не бил дома.

