Skip to main content
Балкан

Двајца пожарникари загинаа за време на гаснење пожар на грчкиот остров Крит

29/07/2026  17:32

Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и четири хеликоптери, а помагаат и цистерни од општината.

Од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се во селото во непосредна близина на пожарот да се евакуираат.

Силниот ветер на островот дополнително го отежнува гаснењето.