
Изјава за медиуми, Кристијан Дојчиновски – СДСМ
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е.
Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла” закасниле.
Резултатот е цел Гостивар отруен, над 4,000 граѓани разболени.
Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не презел ништо за заштита на здравјето на гостиварчани, никој не контролирал ништо.
Отровна вода 22 дена ги труела граѓаните на Гостивар.
Сега Клековски признава појава на жолтица.
Токму она што проф. д-р Венко Филипче го кажа уште минатата недела – дека ќе се случи и дека тие не знаат да управуваат со криза.
Признанијата на Клековски не им вредат на граѓаните, време е кривично да одговара!
Јасно е дека човек како Клековски, без знаење и без стручност, не може да се носи со ваква ситуација.
Прво ја доведоа до оваа точка.
Потоа ги криеја податоците и ја префрлаа одговорноста заради политички поени.
Сега ќе доведат до сериозни последици за здравјето на жителите на Гостивар.
Кај нив гласовите секогаш се поважни од животот и здравјето на луѓето.
Тоа е организираната криминална група која мисли само на своите тендери, а не на граѓаните.
Тоа се тие прочуени тендер-патриоти.
