Skip to main content
Хроника

Повредени девет лица во судир на три автомобили на патот Кичево-Охрид

28/07/2026  13:07

На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на с.Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(48) од с.Грешница, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „цитроен”, С.Р.(79) од с.Грешница, кичевско, додека со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и нивните сопатници Г.Р.(45) од с.Грешница, Ц.М.(76) од Прилеп, М.П.(34) и нејзините две малолетни деца, сите од Скопје, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.