Skip to main content
Македонија

Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар, а нови градови се со отровна вода

28/07/2026  12:47

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката” вода во Гостивар.

Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата?

Додека граѓаните чекаат, водата е отруена  во повеќе од 8 населени места.

Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода”, сè уште без официјален потпишан извештај.

Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја.

Маврово – привремено не е за пиење.

Лепенец и Вардар – бела пена, четири дена тишина.

Валандово – присуство на арсен.

Лешок, колиформни бактерии.

Последно и водата во Булачани не е безбедна за пиење.

Мицкоски и организираната криминална група ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија. 

Граѓаните пијат отров. А одговорни – нема.

Мора да се знае кој е одговорен за извештајот од анализите на водата. Мора да знаеме кој ќе сноси кривична одговорност за тоа што се случува низ целата држава.

СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во цела Македонија.

Во осум населени места има отровна вода, цел град е отруен со над 4.000 луѓе на кои им била потребна лекарска помош.

Не само политички, и кривично треба да одговараат, Клековски, Андоновска, директоритите на локални Центри за јавно здравје, сите кои знаеле а криеле, кои не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните.

За труењето на цела Македонија мора да има кривична одговорност!