
На 25.07.2026 во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село.
Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.
Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

