
На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука. Исто така, според пријавеното, малолетничката и упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР


