Вчера во 09.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(59) од охридското село Пештани, кое било паркирано пред плажа на брегот на Охридското Езеро, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Повредени лица нема, а увид на местото, по наредба на јавен обвинител, извршија полициски екипи“, наведено е во полицискиот билтен.