Skip to main content
Хроника

82-годишна жена пронајдена почината по пожар во нејзината соба

04/12/2024  12:26

82-годишна жена од село Косевица, близу Македонска Каменица почина од пожар што ја зафатил нејзината соба откако започнала да го пали огнот во шпоретот

-Таа била пронајдена од синот во соба полна со чад, а од извршениот увид било констатирано дека палејќи го огнот во шпоретот, пожарот се проширил и ја зафатил масичката и телевизорот, соопштија од СВР Штип.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со задушување од чад, со изгореници на телото и без траги на насилство.