Skip to main content
Хроника

Тешко повреден жител на Миладиновци починал на Клинички, паднал од тераса на куќа

13/07/2026  14:20

На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа.

По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.