Skip to main content
Свет

Иран тврди дека Ормускиот теснец е затворен, САД демантираат

12/07/2026  18:12

Американската војска денес соопшти дека Ормутскиот теснец е „отворен“ и дека бродарството „функционира“ и покрај претходното иранско соопштение дека го затвора стратешки важниот воден пат по обновените непријателства со САД.

„Ормутскиот теснец е отворен за сите бродови кои сакаат легално да го транзитираат овој меѓународен воден пат“, напиша Централната команда на САД (Centcom) на платформата X. „Иран не го контролира теснецот. Навигацијата функционира“, додадоа тие.

„Американските сили се распоредени и подготвени да обезбедат континуирана слобода на навигација и покрај неоправданата агресија, вознемирување, закани и произволни изјави на Иран.“ Во врска со тоа прашање, Доналд Трамп кратко изјави на Си-Ен-Ен утрово: „Што се однесува до нас, отворено е.“

Американскиот претседател, исто така, рече дека неодамна имало повторно оживување на непријателството и покрај фактот дека САД и Иран постигнале договор. „Вчера имавме договор со нив. Тие попуштаа во сè, а потоа одеднаш, два часа подоцна, погодија брод со дрон. Ние одговоривме синоќа со моќен удар“, рече тој.

Изјавите дојдоа откако Иран претходно во неделата објави затворање на стратешки важниот теснец „до понатамошно известување“. Една петтина од светската трговија со јаглеводороди поминува низ него. „До крајот на американските операции во овој регион, на ниту еден брод нема да му биде дозволено да помине“, се вели во соопштението на Исламската револуционерна гарда