Skip to main content
Хроника

Вчера уапсени 22 возачи низ државата

12/07/2026  17:42

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол.

Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по едно во Велес, Куманово, Штип и Струмица и едно лице од Скопје управувало нерегистрирано возило.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.