
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода откако, според сомнежите на полицијата, извршиле кражба во продажен објект во Велес. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници, украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Од СВР Велес информираат дека на 11 јули 2026 година, околу 12:30 часот, биле приведени С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје.
Настанот бил пријавен од 39-годишна вработена во продажниот објект, која забележала две машки лица како излегуваат со поголема количина на роба. Кога се обидела да ги запре, тие побегнале, влегле во патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблички и го напуштиле местото.
По преземените оперативни мерки, полициски службеници го лоцирале и запреле возилото. При прегледот, во автомобилот биле пронајдени украдените предмети, кои веднаш биле вратени на сопственикот.
Осомничените биле приведени во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

