Skip to main content
Свет

Маж прободен во лице за време на трката со бикови во Памплона

11/07/2026  18:16

Едно лице е прободено со рог во лицето од бик за време на традиционалната трка со овие животни во шпанскиот град Памплона, додека девет лица здобиле различни видови контузии.

Несреќата се случила за време на фестивалот „Сан Фермин“, а како што пренесува агенцијата ЕФЕ, повреден е 30-годишен маж од Аликанте.

Како што се наведува, мажот бил прободен во лицето за време на мал метеж, кога неколкумина тркачи паднале на земја. Во трката учествувале шест бикови и голем број луѓе кои трчале по улиците сè додека не влегле во арената.

Трката траела 2 минути и 36 секунди, а должината на патеката изнесувала 875 метри.