Skip to main content
Свет

Десет луѓе загинаа при пад на мал авион на Бахамски Острови

11/07/2026  16:31

При пад на мал авион на Бахамски Острови загинаа десет луѓе.

Авионот се урна синоќа во Норт Андрос, западно од главниот град Насау. Сè уште не е објавен идентитетот на жртвите.

Премиерот на Бахами, Филип Брејв Дејвис изјави дека несреќата ја преживеа еден патник, но подоцна соопшти дека им подлегнал на повредите.

– Денешниот празник се претвори во ден на жалост истакна Дејвис.

Бахамски Острови вчера одбележуваа 53 години од независноста.