Skip to main content
Хроника

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

11/07/2026  15:49

На 10.07.2026 околу 14:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор.