
Дрска кражба се случила ноќеска во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во скопската општина Центар, каде неколку засега непознати лица насилно отвориле банкомат и од него одзеле поголема сума пари.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска, а кражбата се случила околу 3:15 часот.
По насилното отворање на банкоматот, сторителите ги зеле парите и веднаш го напуштиле местото на настанот пред пристигнувањето на полицијата.
Од МВР информираат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за расчистување на случајот, обезбедување на материјални докази, како и за идентификување и пронаоѓање на сторителите.


