Skip to main content
Хроника

Тешко повреден 75-годишен кавадарчанец, го прегазил тракторот што самиот го стартувал

10/07/2026  14:33

На 09.07.2026 во 20:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општата болница Кавадарци за укажување лекарска помош бил донесен Р.М.(75) од Кавадарци, а од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди .

Според пријавеното, во дворот од домот, тој стартувал трактор додека стоел до него, по што тракторот се придвижил и го прегазил.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.