
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денот во Анкара, каде што престојува поради Самитот на лидерите на НАТО, го започна со утринско трчање во паркот „Сегменлер“ во општината Чанкаја.
Во раните утрински часови Макрон го напуштил хотелот во кој е сместен и, придружуван од членовите на своето обезбедување, преку улиците Аргентина и Иран пристигнал во паркот, каде што го одработил својот редовен тренинг.
Според локалните медиуми, францускиот претседател на поздравите од новинарите кратко одговорил на француски јазик, пред да продолжи со трчањето.
Поради безбедносните протоколи, паркот „Сегменлер“ бил привремено затворен за граѓаните, а на новинарските екипи не им бил дозволен пристап додека траел тренингот. Под засилени мерки за безбедност, Макрон трчал околу еден час, по што се вратил во хотелот.
На утринскиот тренинг му се придружил и преведувачот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за француски јазик, Хамза Гедикоглу.
По завршувањето на утринските активности, Макрон ќе учествува во официјалната програма на Самитот на НАТО во Анкара, по што се очекува да одржи и прес-конференција на која ќе ги презентира ставовите на Франција за клучните теми на состанокот.

