Skip to main content
Македонија

Апасиев: Постои таен договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ за нова владина коалиција по изборите

07/07/2026  12:59

„Има една скриена квака која никој не ја артикулира. Само ние ја артикулираме, но нашиот глас не допира до мејнстрим медиумите, а тоа е тајниот договор помеѓу ДПМНЕ и ДУИ”, рече претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев во интервју за „Слободен печат” за измените на Изборниот законик.

Тој потсети дека 61 пратеник беа присутни во салата, од кој четири или пет на ДУИ, што како што рече значи дека ДУИ му го обезбеди кворумот на ДПМНЕ за да се гласа, односно да се помине првата фаза од овој закон. „Што тоа ви кажува? Тоа кажува дека албанската дијаспора, односно дијаспората на Албанците од Македонија кои имаат меѓу другото и македонско државјанство, е далеку помотивирана да гласа електронски и оттука целта е на овој перфиден таен договор,преку такво гласање ДУИ да стане втората партија со 21 пратеник и да ја надмаши СДС”, рече Апасиев.

Според Апасиев на овој начин би се создале услови за повторно коалицирање меѓу ДПМНЕ и ДУИ со што ќе продолжи да важи Мајскиот договор склучен помеѓу Ахмети и Груевски. „Тоа е целата квака на оваа изборна квази реформа која што може и да се озваничи после наредните избори кои не знаеме кога ќе бидат”, истакна Апасиев.