Двајца скопјани каснати од кучиња

Двајца скопјани вчера биле каснати од кучиња скитници, информираше МВР.

На 01.05.2019 година во 11.30 часот Полициската станица Центар, Р.И.(35) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10.55 часот на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 01.05.2019 година во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Ј.(61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.20 часот на Кеј на реката Вардар бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Треба да знаете
Последни објави