Skip to main content
Хроника

Почина 24-годишен скопјанец, пронајден во семејниот дом во Скопје

05/07/2026  21:53

Дваесет и четиригодишен скопјанец бил пронајден починат во својот семеен дом на подрачјето на општина Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, на 4 јули 2026 година во 12:50 часот, од Итната медицинска помош Скопје било пријавено дека во домот е пронајдено безживотното тело на М.Ц. (24) од Скопје. Според првичните сознанија, младиот човек имал здравствени проблеми.

Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.