Skip to main content
Македонија

Голем пожар во центарот на Скопје, густ чад се издига над Јужен булевар

05/07/2026  17:02

Голем пожар избувна попладнево на Јужен булевар во центарот на Скопје, каде што пламен зафати барака лоцирана покрај булеварот, во близина на поранешниот Пазарен инспекторат.

На терен интервенираат повеќе противпожарни екипи кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово проширување кон околните објекти.

Густ црн чад се издига над местото на пожарот и ги прекри околните станбени згради, додека голем број вознемирени граѓани излегоа на улица, стравувајќи дека огнот би можел да се прошири и да ги загрози нивните домови.

Засега нема информации за евентуално повредени лица, ниту за причините за избувнувањето на пожарот. Се очекуваат повеќе информации од надлежните служби по завршувањето на интервенцијата.