
Петнаесетгодишник од Велес е приведен откако украл патнички автомобил, со кој подоцна удрил во бетонски ѕид, а потоа го напуштил местото на незгодата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 4 јули, полициски службеници од СВР Велес, во присуство на родител и социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршиле службен разговор со малолетникот.
Според полицијата, истиот ден на улицата „Алексо Демниевски“ во Велес, 15-годишникот го одзел патничкото возило „Опел“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на О.Т. (63) од Велес.
Со украдениот автомобил тој удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот.
Набргу по инцидентот, полициските службеници го пронашле малолетникот и го спровеле во полициска станица. За случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.
Возилото во меѓувреме е вратено на сопственикот, а по целосното документирање на случајот против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.


