Skip to main content
Македонија

Владо Бучковски избран за претседател на Сенатот на УКИМ

05/07/2026  11:53

Новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје официјално започна со работа за мандатниот период од 1 јули 2026 до 1 јули 2029.

Сенатот е конституиран по седницата одржана на 23 јуни 2026 година, а од почетокот на јули и формално ги презеде своите надлежности, кои ќе ги извршува согласно Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот.

Како што соопшти УКИМ, по спроведеното гласање на конститутивната седница, за претседател на Универзитетскиот сенат е избран проф. д-р Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Неговиот мандат како претседател на Сенатот ќе трае една година.

Универзитетскиот сенат е еден од највисоките академски органи на УКИМ и има значајна улога во донесувањето на одлуки поврзани со наставната, научната и развојната дејност на најстариот и најголем државен универзитет во земјата.