Skip to main content
Хроника

Трагедија кај Страцин: 28-годишен возач загина откако излета од патот

04/07/2026  12:10

Дваесет и осумгодишен жител на Крива Паланка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат А-2, кај селото Страцин, во општина Кратово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 00:10 часот, кога патничко возило „Опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28), излетало од коловозот и удрило во бетонски заштитен ѕид.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, додека увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кратово.

Причините за несреќата се утврдуваат во рамки на истрагата.