Skip to main content
Хроника

Автомобил излета од патот кај Охрид, возач и двајца малолетници со тешки повреди

02/07/2026  11:02

Три лица, меѓу кои и двајца малолетници, се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на автопатскиот патен правец Охрид-Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 1 јули 2026 година во 16:20 часот, кога патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М. (70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот, како и две малолетни лица на возраст од 14 и 16 години, исто така од селото Подгорци.

Повредените биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им биле констатирани тешките повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи, а се работи на утврдување на причините за сообраќајката.