Skip to main content
Македонија

Герасимовски предложен за потпретседател на СДСМ

02/07/2026  10:13

Лидерот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека ќе го номинира Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ.

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат“, напиша Филипче.

Тој додаде дека е убеден оти Герасимовски, со своето искуство и енергија, ќе придонесе за обединување на партиските капацитети и за градење на уште посилен СДСМ.

„Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергија на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија“, порача Филипче.