Skip to main content
Спорт

Сензации на СП: Германија и Холандија си одат дома

30/06/2026  07:59

Вчера на програмата на Мундијалот беа три натпревари кој од кој поинтересен.

Бразил се помачи со Јапонија но успеа да се пласира во осминафиналето.

Тоа не им успеа на Германија и Холандија кои беа елиминирани од Парагвај односно Мароко по изведувањето пенали.

Германија одигра 1:1 па по 120 минути фудбал изгуби на пенали со резултат 3:4.

1:1 беше и на дуелот Холандија- Мароко а по пеналите Африканците победија со 3:2 и во осминафиналето ќе играат против Канада.