
Земјотрес со локална магнитуда од 3.0 степени според Рихтеровата скала ноќеска беше почувствуван во тетовско-гостиварскиот регион.
Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот е регистриран во 00:06 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Гостивар, Тетово и околните населени места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.


