
Соопштение за јавност на СДСМ:
Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0 – нов сателит кој ќе му послужи за разбивање на опозициските гласови на следните избори.
Причината е јасна. По вчерашната најава на Александар Вучиќ за избори во Србија, Мицкоски е принуден да се подготвува и тој.
Остана без поддршка од Орбан, буџетот е во колапс, а веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите.
Затоа брза да создаде нов инструмент за манипулација на изборниот процес.
Мицкоски ќе продолжи да ја задолжува државата сè додека може. Ќе зема нови долгови не за развој, туку за да го одржи системот на тендери и клиентелизам кој го одржува на власт. Тој ја продава иднината на Македонија за свои тендери и за одбрана на организираниот криминал.
Младите масовно заминуваат затоа што не гледаат европска перспектива. Тие гледаат секој ден на границите – во километарските колони кои се директна последица од политиката на изолација што ја спроведува Мицкоски.
Наместо да го следиме примерот на Црна Гора и да станеме членка на ЕУ во 2028 година, ние се оддалечуваме од Европа.
Мицкоски не сака Европска Унија затоа што со влез во ЕУ ќе мора да одговара за криминалот, за корупцијата и за системското уназадување.
Затоа го приватизира правосудството и полицијата и ги користи како алатка за заштита на својот криминал и за политички прогон на противниците.
ЗНАМ 2.0 е уште еден проект во низата обиди на Мицкоски да ја одржи власта по секоја цена – дури и по цена на иднината на државата и на младите кои ја напуштаат.
Граѓаните веќе ја препознаа играта. И нема да дозволат да бидат измамени.

