
Луѓето од целиот регион и денес со носталгија се сеќаваат на времето на поранешна Југославија – начинот на живот, музиката, филмовите, модата, храната и безгрижните летни денови на Јадранот.
Токму такви спомени разбуди фотографија од плажа во Хрватска од 80-тите години на минатиот век, која деновиве повторно се прошири на социјалните мрежи. На неа се гледа сцена која за многумина е незамислива денес – плажа преполна со луѓе кои уживаат без мобилни телефони, без социјални мрежи и без трка за најдобро место покрај морето.
На фотографијата може да се забележи дека лежалките биле вистинска реткост, многумина немале ниту пешкир, а сончањето и капењето биле само дел од едноставното летно уживање. Наместо да гледаат во екрани, луѓето разговарале, се дружеле и создавале атмосфера на блискост и безгрижност.
Фотографијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што многумина коментираат дека во тоа време летувањето било поедноставно, поевтино и порелаксирано, додека други сметаат дека денешните услови нудат поголем комфор и повеќе можности.
Дали летувањето во поранешна Југославија навистина било подобро или само буди носталгија за едно поинакво време, останува секој сам да процени.


