
Ноќеска, околу 00:13 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во Гостивар непознато лице, кое се движело со патничко возило „џип“, испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се упатило кон центарот на градот.
Според информациите од полицијата, во инцидентот нема пријавено повредени лица.
Неколку часа подоцна, околу 02:10 часот, во Полициската станица Гостивар сам се пријавил А.М. (65) од Гостивар. Од него биле одземени пиштол „берета“, кој го поседувал со дозвола, една рамка со осум куршуми и една празна рамка за истото оружје.
Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случајот, против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

