
Вистински сообраќаен пекол и повеќечасовно чекање ги дочека македонските и странските туристи кои денеска се враќаат од Грција.
Според информациите од терен од репортерот на 4NEWS.mk и сведоштвата на револтираните возачи, за влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“, односно на грчката страна кај „Евзони“, во моментов се чека најмалку четири часа
Колоните од автомобили, автобуси и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор.
Жешкото јунско сонце дополнително ја отежнува ситуацијата, а меѓу патниците има и голем број семејства со мали деца.
