Skip to main content
Хроника

Едно лицe загина синоќа во сообраќајка на Плетвар

27/06/2026  09:13

Едно лице го загубило животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на превојот Плетвар, кога се превртел камион со битолски регистарски таблички.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 18 часот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, а потврда за смртниот случај пристигнала од Итната медицинска помош од Битола.

Поради сообраќајката сообраќајот на тој патен правец беше во прекин неколку часа.