
Германија денеска постави апсолутен рекорд на температура со измерени 41,3 степени Целзиусови, кои беа забележани во западниот град Сарбрикен, полажуваат прелиминарните податоци од метеоролошката служба (DWD).
„Оваа вредност е достигната во Германија за првпат“ од почетокот на метеоролошките мерења, соопшти мрежната служба Блускај.
Претходниот рекорд на температура од 41,2 степени Целзиусови беше забележан во Германија на 25 јули 2019 година.
„Сосема е можно оваа температура повторно да се достигне и утре , ако не и малку да се надмине“, изјави Уве Баумгартен, метеоролог во DWD.
Германските метеоролози утринава издадоа предупредувања за силна до екстремна топлина низ целата земја.
Најжешкиот ден се очекува во недела, кога се прогнозираат температури до 42 степени Целзиусови. Метеоролозите предвидуваат дека топлотниот бран ќе трае до почетокот на следната недела.
Спортските и настаните на отворено се откажани во многу делови од земјата поради жештината.
Поради високите температури што ја оптоваруваат инфраструктурата на германските железници, тие предупредуваат на можни проблеми и советуваат да не се патува освен во случај на неопходност.
Покрај високите температури, веројатноста за бури од запад постепено ќе се зголемува од сабота со можност за обилни врнежи од дожд, град и силни налети на ветер.
