Skip to main content
Македонија

За малку избегната трагедија во Бутел – куршум заврши во автомобил

26/06/2026  09:36

Тежок инцидент ја вознемири населбата Бутел во Скопје, откако куршум удрил во паркирано возило само неколку секунди откако покрај него поминал неговиот сопственик.

Безбедносна камера го снимила драматичниот момент во кој куршумот директно удира во шофершајбната на автомобилот, предизвикувајќи сериозни оштетувања. Според снимката, само неколку секунди претходно сопственикот се движел покрај возилото, со што за малку била избегната потенцијална трагедија.

Од силината на ударот, шофершајбната е значително оштетена, а видеото јасно ја прикажува траекторијата на куршумот и моментот на погодокот.

Жителите на населбата велат дека ова не е прв ваков случај во Бутел и дека и претходно биле забележани или слушани слични инциденти, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста во овој дел од главниот град.

Граѓаните бараат надлежните институции да го истражат случајот и да преземат мерки за спречување на вакви опасни инциденти, предупредувајќи дека овојпат само среќата спречила да нема човечки жртви.