
Без вода за пиење ќе бидат корисници на општина Карпош во текот на утрешниот ден и во сабота, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
– Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ добивме известување дека утре (петок), поради санација на два затварачи од ф – 400 и ф – 500 мм, доколку постојат технички услови, во периодот од 18 часот, па до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Парапунов, како и дел од корисниците од улиците Разловечко востание и Вич. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува кај 12 часот на 27 јуни (сабота). Доколку не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата се одложува за наредниот период – пишува во соопштението.


