
Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал по само десет минути игра ја затресе мрежата на Саудиска Арабија и на својот прв натпревар како стартер на Мундијал постигна гол. Со постигнатиот гол тој влезе во ТОП 10 најмлади фудбалери, кои успеале да постигнат гол.
Јамал има 18 години и 343 дена и е осми најмлад стрелец на Светско првенство.
Најмлад стрелец на Мундијалите е легендарниот Пеле со 17 години и 239 дена, а потоа следуваа Мексиканецот Мануел Росас, Шпанецот Чави, Англичанецот Мајкл Овен, Романецот Николае Ковач и Русинот Дмитриј Сичев.
Јамал е најмлад стрелец на Европските првенства со гол постигнат на 16 години и 362 дена.

