
Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила вчера попладне на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница.
Поради несреќата од 15:45 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци на патот Прилеп – Битола.
„Во сообраќајната незгода учествувале три возила, при што пет лица се здобиле со повреди и се пренесени во Градската болница ‘Борка Талески’ во Прилеп. Од 16:40 часот сообраќајот се регулираше наизменично по една сообраќајна лента со физичко регулирање“, информираа од МВР.

