
Еквадор не успеа да ја скрши одбраната на најмалата земја учесник на еден Мундијал, репрезентацијата на Курасао,
Од самиот почеток на средбата Еквадор тргна офанзивно и создаде бројни шанси пред голот на Курасао. Сепак, одбраната на гостите, предводена од голманот Елој Ром, успеа да ги одбие сите налети.
Еквадор во второто полувреме заигра уште поофанзивно. Вистинско чудо е што сè преживеа Курасао, кој на крајот освои бод – прв во својата историја на светските првенства.
Херој на натпреварот беше токму Ром, кој забележа дури 15 одбрани и за својата партија доби максимална оценка 10 на „Софаскор“.
Неверојатните 15 одбрани на Ром се своевиден рекорд, иако најмногу одбрани има Тим Хауард во 2014 година, кога успеа да добере 16 одбрани, но за 120 минути, бидејќи на мечот на САД се играа продолженија.


