Skip to main content
Економија

СДСМ: Две години Влада на Мицкоски: неисполнети ветувања, намален стандард и тежок живот на граѓаните

21/06/2026  09:49

Соопштение за јавност на СДСМ:

Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар живот, граѓаните добија економски неуспех, намален животен стандард и секојдневна борба за егзистенција.

Мицкоски ветуваше повисоки плати, подобар животен стандард и повеќе пари кај граѓаните. Наместо тоа, граѓаните добија маратон во сиромаштија.

Македонија се соочува со сериозни економски проблеми после 2 години. 

Платите на македонските работници се најниски во Европа и не го следат растот на цените, граѓаните имаат помалку пари.

За едно четиричлено семејство се потребни речиси 70.000 денари, што значи дури 3 минимални плати се потребни само за основните трошоци.

Буџетот е практично пред колапс, до јуни е потрошен речиси целиот планиран дефицит за целата 2026 година во износ од 670 милиони евра. 

Ребалансот на Буџетот е неизбежен и ќе биде тежок товар за граѓаните и стопанството.

За само две години странските директни инвестиции се намалени за околу 60 проценти, а јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра. Државата се задолжува рекордно, а граѓаните живеат сè потешко.

Нема пари за повисока минимална плата, нема пари за значително зголемување на платите, нема пари за пензионерите, за земјоделците и за младите. Но затоа има пари за луксуз, за партиски привилегии и за нови задолжувања.

Две години Влада на Мицкоски се две години на неисполнети ветувања, економски неуспех и изолација. 

Сега на сите им е јасно дека граѓаните се излажани. Владата на Мицкоски не ги решава проблемите на граѓаните – таа ги создава и ги продлабочува. А цената за тие политики секојдневно ја плаќаат граѓаните, кои живеат сè потешко и се подалеку од ветениот подобар живот.