Skip to main content
Македонија

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати

20/06/2026  19:52

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, додека девет се целосно изгаснати.

Изгаснати се пожарите и тоа:

во Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите од викенд-населбата, каде горела ниска вегетација;

во Општина Бутел, во Визбегово, каде гореле дива депонија и ниска вегетација;

во Општина Брвеница, кај селото Волковија, каде горела ниска вегетација;

во Општина Штип, на месноста „9-ти километар“, во близина на експресниот пат Штип – Радовиш, каде горела ниска вегетација;

во Општина Кочани, кај селото Тркање, каде горела ниска вегетација;

во Општина Радовиш, кај селото Бучим, каде гореле ниска вегетација и ниска шума;

во Општина Новаци, кај селото Теповци, на месноста Ергела, каде горела ниска вегетација;

во Општина Куманово, кај селото Пчиња, каде гореле ниска вегетација и жито;

во Општина Липково, кај селото Отла, во Липковско Поле кон селото Оризаре, каде гореле ниска вегетација и жито.