Skip to main content
Економија

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

20/06/2026  09:34

Соопштение за јавност на СДСМ:

Навршуваат две години од владеењето на Христијан Мицкоски и организирана криминална група ВМРО.

Она што граѓаните го добија не е подобар живот, туку економски колапс, политичка изолација и континуирано лажење.

Економијата е во длабока криза, по две години власт, буџетот е практично пред колапс. 

До јуни е потрошен скоро целиот планиран дефицит за целата 2026 година, од 670 милиони евра. Ребалансот е неизбежен и ќе биде многу тежок.

Капиталните инвестиции покажуваат бројки на хартија, но во реалноста се работи за проекти од времето на СДСМ, а не за нови проекти. 

Нема соодветен раст и базиран е исклучиво на лична потрошувачка, а не на производство и извоз, модел кој е неодржлив и директно ја зголемува инфлацијата.

Мицкоски ветуваше подобрување на животниот стандард, повисоки плати и подобар живот. 

Наместо тоа, граѓаните добија „маратон во сиромаштија”. 

Владата отворено кажува дека нема пари за поголема минималната плата, за повисоки плати, за пензии и за поддршка на земјоделците и младите, но во исто време има пари за луксуз и за нови задолжувања.

За две години, странските инвестиции паднаа за 60 отсто, а јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра. Економијата стагнира, а граѓаните се посиромашни.

Истовремено, Македонија е во најдлабока политичка изолација во последните 20 години. 

Мицкоски го користи идентитетот како алиби за блокада на европскиот пат, без да понуди ниту план, ниту стратегија. 

Наместо реформи и напредок, граѓаните добиваат празни фрази и националистички спинови.

Две години на ВМРО-ОКГ се две години на економски неуспех, лажни ветувања и политичка изолација. Наместо подобар живот, граѓаните добија сиромаштија, несигурност и изгубена европска перспектива.

Владата на Мицкоски не решава проблеми, таа ги создава и ги продлабочува а граѓаните се тие кои ја плаќаат највисока цена, која, како што вели Мицкоски, ќе трае со децении ако тие останат на власт.