Skip to main content
Хроника

Тешка сообраќајка во Македонија – повредени неколку лица

20/06/2026  09:03

Тешка сообраќајна незгода се случила синоќа на магистралниот пат Свети Николе – Куманово.

Според првичните информации, во несреќата учествувале комбе и камион, а неофицијално десеттина лица биле повредени.

Повредените со возила на Итната медицинска помош се транспортирани во Клиничката болница Штип, каде што им била укажана лекарска помош.

Повеќе детали во текот на денот очекуваме од МВР.