Skip to main content
Хроника

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 168 санкции

19/06/2026  11:54

На 18/19.06.2026 во периодот од 16:00 до 01:00 часот на подрачјето на Град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола во сообраќајот.

Притоа, беа преземени вкупно 168 мерки, од кои – 56 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 18 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, пет мерки за нерегистриран мотоцикл, една мерка затоа што не застанал на даден знак и 66 мерки по останати прекршоци – не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго.

При акциската контрола, констатирани се две кривични дело безобѕирно управување со мопед по член 297-а од Кривичниот законик и едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.