Skip to main content
Хроника

МВР вчера уапси 11 возачи

18/06/2026  15:53

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол. 

Три лица во Куманово, двајца во Гостивар и по еден во Скопје, Прилеп (малолетник), Тетово (учествувал во сообраќајна незгода) и Неготино возеле без возачка дозвола. Додека, по еден возач во Македонска каменица и Кичево (учествувал во сообрќајна назгода ) возеле под дејство на алкохол.По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. 

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР